ОДБОЈКАРИТЕ ПОПЛАДНЕВО (16.00) ИМААТ НОВА КОНТРОЛА СО БУГАРИЈА
Најдобрите македонски одбојкари попладнево во Софија имаат нова пријателска и подготвителна средба со селекцијата на Бугарија со која и утре ќе имаме мегдан од ист карактер и на истото место. Тоа се последните контроли пред квалификациите за Европското првенство што од понеделник се одржуваат во Скопје, а во кои ние ќе имаме по два дуела со Босна и Херцеговина и Турција. Тоа е група Ц и таму ќе ни треба триумф на турнирот иако под одредени услови можеме и како второпласирани да се најдеме на завршницата на континенталниот шампионат што во септември треба да се одржи во Полска, Чешка, Естонија и Финска. За новите мечеви со соседот сме засилени со техничарот Деспотовски, но и ослабени за отсуството на Маџунков.
КАТЕГОРИИ Спорт