Одбиени тужбите кои партиите ги доставија до Управниот суд

Одбиени сите тужби кои ги поднесоа политичките партии до Управниот суд, откако ДИК не им ги уважи приговорите за изборите. Речеси 200 тужби отфрли судот од Демократи, Интегра, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Коалцијата никогаш северна само Македонија, Работничката партија МОРО.

 Може да се предложат истите докази, факти и околности коишто биле предложени пред ДИК, тоа е предвидено во Изборниот законик, така што Управниот суд постапува во рамките на своите законски надлежности и нашол дека тужбите се неосновани, изјави Ивана Смугреска.

Одлуките на Управниот суд во однос на изборите се правосилни. По одлуката на судот практичко се потврдуваат бројките кои ги објави ДИК како конечни резултати. Сепак за процесот целосно да биде заокружен, во текот на утрешниот ден се очекува Комисијата да свика седница и да ги официјализира мандатите, по што треба да им ги врачи и решенијата на оние лица кои ќе седнат во собраниските фотељи.

На почетокот на август се очекува да биде и свикана седница во законодавниот дом. А потоа течат и роковите за составување на Влада.

Односно оние уставни рокови од 10 плус 20 дена за договор за коалиции за предводење на извршната власт,која би можело да биде избрана во почетокот на септември. Дотогаш, се уште ќе биде во функција техничката влада, на чело со Оливер Спасовски, од каде што, по конечноста на резултатите од изборите, односно веќе следната седмица, треба да се повлечат дополнителните заменик-министри во пет ресори и техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. До изборот на новата влада, со министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика ќе раководат редовните заменик министри.

На овие избори со мало водство пред ВМРО-ДПМНЕ е Колацијата Можеме на Заев која освои 46 пратенички мандати. Партијата на Мицкоски освои 44, ДУИ 15, Коалцијата на Села и Гаши 12 и 2 пратеника освои Левица.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста