Од утре вашата стара Алфа со нови квалитетни содржини

Вашата стара Алфа со нови квалитетни содржини. Од утре вести на секои два часа, утрински и пладневни емисии, дебати, филмови и серии.

Целосното ребрендирање и надградување на телевизискиот формат почнува утре, 11 Октомври, кога вестите ќе може да ги следите во 10.30, 12.30, 14.30, 17.30, 19.30 и 22.30.

Ќе може да се будите со утринската програма „Добро утро, секое утро“. Попладнето да го минете со новите емисии, а вечерта да ја заокружите со политичка дебата.

И меѓу сето ова многу нови серии, филмови, забавни, културни, детски и тинејџерски емисии.

Телевизија Алфа и натаму се стреми кон врвот и на своите гледачи продолжува да им нуди ексклузивни, проверени и балансирани информации и секако квалитетни содржини.