НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утре свадби на отворено: За лекарите тогаш е нелогично е да има маски во затворен простор

Опасниот индиски сој ќе влезе во Македонија бидејќи надлежните за да ја спасат економијата целосно ги олеснија рестрикциите, алармира микробиологот Никола Пановски. Тој вели дека делта варијантата на Ковид 19, која пустоши низ светот, ќе стигне и кај нас, но се надева дека нема да предизвика сериозни проблеми бидејќи дел од населението веќе го прележа вирусот, а дел е имунизирано. Апелира вакцинацијата да се забрза пред следниот евентуален бран во септември.

За професорот Пановски, погрешна и контрадикторна е одлуката на здравствените власти да дозволат одржување на свадби во зетворен простор без носење на маски, а од друга страна граѓаните да мораат да носат маски во други затвроени простории, како маркети, банки, молови… Тешко ќе биде, вели, да се откажат сите веселби ако епидемиолошката состојба во меѓувреме се влоши, бидејќи финанискиот товар ќе падне на грбот на граѓаните и на стопанствениците.

Олеснувањата на протоколите за заштита од Ковид 19 во Македонија доаѓаат во време кога големи економски сили, како Австралија и Израел, ги заоструваат мерките, воведувајќи задолжително носење на заштитни маски или строги карантини поради ширењето на идниската мутација на корона вирусот. Експерти веќе подолго време алармираат дека на опасноста дејта сојот во скоро време да влезе во Македонија поради ширум отворените граници, без задолжителен ПЦР или антигенски тест и без доказ за вакцинација.

Билјана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста