Од утре секојдневни протести на КСС

Конфедерацијата на слободни синдикати од утре излегува на протести – бараат усогласување на платите согласно минималната плата и зголемување нна бодот на 103 денари в обруто износ. Со ваквото зголемување ќе има разлика во платите на вработените со различни квалификации и најниската минимална плата би била 18.200 денари. Како што вели претседателот на КСС Благоја Ралповски, протестите ќе траат се додека Владата не одлучи да ги слушне нивните барања. Според него, овие барања не се нови – а револтот ќе се префрли на улиците бидејќи веќе неколку години нема слух од властите.

КСС заедно со Синдикатот за транспорт и врски, Синдикатот за станбено деловни, комунални организации, Синдикатот на полиција и Синдикатот за енергетика и на 30 март излегоа на предупредувачки протест но тоа не беше доволно за власта да ги повика на преговори за усогласување на платите во јавниот сектор.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата. според нивните сознанија следниот месец ќе има вработени кои ќе добијат плата и под минималецот. За Конфедерацијата е неприфатлив предлогот на ССМ за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ.
Дека секој ден се повеќе расте незадоволството во Македонија доказ се бројните протести и штрајкови. Освен серијата протести кои ги отвора КСС, протестираа и земјоделци, оризопроизводители, родителите на децата со попреченост, но и невладините организации, поради кратењата на 40 проценти од средствата за превентивни здравствени програми. Својот револт го изразија и вработените во Железницата и во Поштата, каде бараа повисоки плати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста