Од утре се затвораат угостителските објекти – ако државата не помогне, бизнисите ќе пропаднат

Ваквата опуштена атмосфера во угостителските објекти веќе од утре ќе ја нема. Летните тераси ќе останат празни, а гостите пиењето кафе го искористуваат до последен момент.

Поради влошувањето на здравствената состојба во земјава, сите локали веќе од утре па во наредните две недели ќе бидат затворени. Ова кафе, ќе може да се испие само дома.

Од утре единствената опција за кафеаните и обложуавлниците ќе биде само шалтерскиот асистем на сулуга, односно доставата. Ваквиот потег на власта создава револт кај угостителите кои предупредуваат дека ќе пропаднат ако не добијат кокретна помош. Од Угостителската комора реагираат дека состојбата е погвеќе од алармантна.

  • Угостителството е во слободен пат, и тоа без падобран. Не може да врземе крај со крај, ова е катастрофално што се дешава. Реагираме дека не може да се носат само рестрикции, а да нема никаква помош, за што сведочи и петтиот сет на мерки кои е заглавен во Собранието. Ако од Владата не помогнат, ќе видите колку бизниси ќе стават клуч на врата, и колку луѓе ќе останат на улица без работа, затоа мора итно да се дејствува, вели Мартин Ангеловски од Угостителска комора на Македонија.

Дали и колку угостителите ќе добијат државна помош прашавме и во Владата, но од таму без конкретен одговор.

  • Затворањето на угостителските објекти е како резултат на пандемијата и со цел зачувување на здравјето на граѓаните, коешто е приоритет. Економски мерки за помош на затворените економски оператори ќе има, економските тимови на Владата веќе работат на истите и навремено ќе бидат објавени. Помош ќе стигне онаму каде што е потребна, велат од Владата.

Власта тврди дека новите рестриктивни мерки имаат за цел да се намали оптоварувањето на здравствениот систем, како и да се избегне потенцијално затворање за Велигден и Бајрам.

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна, а исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости.

А освен угостителските објекти, се затвораат фитнес-клубовите, спортските центри и сали наменети за вежбање, а се забранува организирање, одржување и присуство на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип. Мерките ќе бидат во сила до 20 април.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста