Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз за пензионерите

По бурните реакции во јавноста дека надлежните не се грижат за заштита на здравјето на постарите граѓани кои спаѓаат во ризичната група за Ковид 19, ЈСП конечно се премисли.

„За да се заштити здравјето на најранливите граѓани и да се спречи ширењето на коронавирусот, од утре (02.06.2020 година, вторник) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасните лица (жени со/над 62 години и мажи со/над 64 години) во деновите вторник, петок, сабота и недела. Оваа мерка се воведува по препорака на епидемиолозите и Кризниот штаб за справување со новонастанатата состојба“ – соопштуваат од Град Скопје.

Градот Скопје и ЈСП апелираат до граѓаните рационално да го користат јавниот превоз и задолжително да носат заштитна опрема.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста