Од утре почнуваат уписите на „УГД – Штип“

Универзитетот „Гоце Делчев„-Штип од утре ја отвара елетронската платформа за пријавување на заинтересираните кандидати за упис во прва година. Идните студенти може да се пријавуваат до средината на септември. Засега неизвесно е како ќе стартува новата академска година .
„Доколку не се промени епидемиолошката соостојба во државата најверојато учебната година ќе започне како хибриден систем во делот на поголемите групи како што е на Факултетот за медицински науки ќе биде он лајн настава, а физичко присуство при изведување на вежбите. Меѓутоа доколку дојде до влошување на ситуацијата најверојатно опцијата он лајн и понатаму ќе биде присутна на универзитетите„-изјави проф. Блажо Боев,ректор на УГД-Штип.
Oд наредната година со работа ќе започне и акредитирана студиска програма по Општа медицина и наставата ќе се одвива само на англиски јазик.
„Исто така се акредитираат други студуски програми на Правниот факутет, Информатика, Природнно-техничкиот факултет . Мислиме дека иднината на развојот на високото образование и привлекувањето на странски студенти е токму во тоа да се овозможи студирање на еден од светските јазици„-изјави проф. Блажо Боев, ректор на УГД-Штип
Годинава на УГД има 4000слободни места и предвидени се 300стипендии.
Александра Ристевска