Од утре нови рестриктивни мерки во Србија

Србија од утре до понеделник под нови рестриктивни мерки одлучи кризниот штаб. Ќе работат само прехранбени продавници, аптеки и бензинските. Засега не се размислува за полициски час, вели  премиерката Ана Брнабиќ, ниту ќе има целосна забрана за движење, градинките ќе продолжат да работат, а основците ќе ја продолжат со учење на далечина. 

Нема полициски час, нема забрана на движење, ќе работат продавниците за прехрана, пумпите, сето она што е неопходно за колку-толку нормален живот. Потребно е дополнително да го забавиме животот за да видиме дека бројките на новозаразените стагнираат. Ова е поддршка за нашите здравствени работници“, рече Брнабиќ.

Брнабиќ потенцира дека мецинскиот дел на Кризниот штаб барал овие мерки да траат во следните 14 дена, но најдено е компромисно решение да траат 5 дена.

„Дали тие ќе се продолжат од понеделник натаму, ќе зависи од сите нас. Апелирам на максимална дисциплина, разбирање на ситуацијата во која се наоѓа нашиот здравствен сектор“, рече Брнабиќ.

Министерот за здравство вели дека само целосното затворање веднаш е единственото решение за спасување на животи и здравствениот систем. 
"Преземени се нови мерки за намалување на бројот на заразени лица, за запирање на ширењето на инфекцијата и ги замолувам сите да го имаат тоа предвид. До пред седум дена можеби имавме можност да разговараме за што и како, но не денес ", рече Лончар. 
Српските епидемиолози останаа незадоволни од новите мерки кои сметаат дека ќе имаат влијание, но нема да дадат целосен ефект. Новите мерки нема да дадат резултат ако продолжат забавите и журките смета Предраг Кон.
Медицинскиот дел смета дека ова не е доволно затоа што по 5 дена нема да ги видиме ефектите од мерките. Оваа одлука не задоволува ниту една од страните, но ми се чини дека во моментов е конструктивна. Мислам дека сè уште не е разбрано дека ова е најголемата пандемија, не само на овој век, туку и повеќе од тоа, и дека за жал е и смртоносна. За да опстане здравствениот систем, неопходна е огромна помош, а тоа делумно го покажува и оваа одлука денес“ - рече епидемиологот.
Според најновите информации од Институтот за јавно здравје Кикинда, моментално има 546 активни случаи на ковид-19. 
„Бројот на прегледи во Кикинда се зголемува, во просек има околу сто први прегледи на ден, а бројот на позитивни прегледи е околу 40-50.“, вели за Радио-телевизија на Војводина д-р Ивица Стаменковиќ од Здравствениот дом во Кикинда.
Во Србија доминира Бритинскиот сој на вирусот кој  полесено се пренесува и е позаразен предупредуваат епидемиолозите - затоа се неопходни строги мерки.  

Викторија Миткова



 




 
  
 
 
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста