Од туризам до промоција – американска туристка воодушевена од македонската историја

Македонија е библиска земја и мајка на светот,ако бараш место под ова парче небо каде очите ќе ти се наситат од премногу убавина што ќе ти ја исполни душата со спокој,тогаш посетија ја Македонија.Пријателите кои го стекнав во Турција, од искуство ми кажаа дека ќе ми се допадне овде, но не ми кажаа дека толку лесно се засакува Македонија-спонтано, вака почна разговорот со американата Ана Пич која сосем случајно,ја сретнавме во Крушево, за потоа заедно да заминеме кон Охрид. Ана на себе имаше маска со ѕведата од Кутлеш.

Затоа што Македонија замеме сега е земја домаќин,затоа со многу радост ја носам маската со знамето од Вергина.Многу луѓе во Македонија ме охрабрија да ја истражувам историјата,културата, традицијата па дури и кулинарската историја.Задувачки, овде секое камче има своја приказна.Ова се првите нешта кои веднаш ми паѓаат на памет и ме асоцираат на Македонија, земја со долгата историја и луѓето кои несебично и со многу љубов зборуваат за ова парче земја – вели американката Ана Пич.

Ана е наставничка чиј немирен и авантуристички дух ја натерал да го продаде автомобилот и да тргне низ светот,притоа за време на секојдневните онлајн часови,покрај наставата, да ги запознава своите ученици со нејзините доживувања и ситуациите во кои се нашла.Куферот полн спомени таа одлучила да го преточи на хартија и да напише книга.Ја прашавме, што ќе напише за Македонија-прилично упатена, проговори за актуелната ситуација и македонско-бугарскиот спор.

Македонскиот  народ е многу горд народ, насекаде низ земјата гледам убави развиорени македонски знамиња, дури и по куќите  во руралните средини.Генерации работеле на вашата независнoст и каде и да одите, каде и да ве наведе патот имате со што да се гордеете. Чувствувам дека македонците се многу цврст народ и за мене е важно да дознаам што се случува сега ? И странските медиуми пишуваат за актуелната политичка клима и односот со Бугарија,но како некој што доаѓа од земја во која националното чувство е највозвишено,можам да кажам дека тој силен патриотизам го препознав и овде – изјави Ана Пич.

Луѓето се гостопримили во мене,каде и да одам ми посакуваат топло добредојде,ми зборуваат на македонски јазик кој одлучив и да го научам-вели Ана, која во древниот Охрид ќе остане најмалку уште еден месец.Кога ќе помине корома кризата, повторно ќе се вратам вели,за да ја запознаам мојата Македонија, а до тогаш секаде низ светот ќе раскажувам за ова парче земја кое треба да го чувате,како што се чува чедо.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста