Од скандалот „Ибица“ најголема корист има Ред Бул

Произведувачот на енергетскиот пијалак „Ред Бул“ профитира од „скандалот Ибица“, поради кој оставка поднесе австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијхан Штрахе, што водеше до уривање на владејачката коалиција и на крај до смена на целата влада.

Видео-снимката на која лидерот на Слободарската партија на Авцстрија (ФПО) Штрахе, во која на наводна внука на руски олигарх и нуди државна зделка во замена за финансиска помош за неговата партија, на Ред Бул му донесе маркентишка вредност од 1,32 милиони евра. На објавената снимка, присутните пијат вотка „Ред бул“, која беше спомнувана во сите медоими кои известуваа за оваа афера.

Само спомнувањето на името Ред Бул во написите во печатените меидуми претставува непроценлива кампања на овој произведувач во вредност од 1,32 милиони евра, додека аудио-визуелното спомнување и различните коментари преку социјалните мрежи не се вкалкулирани во тоа.

Експертите посочуваат дека за кампања со сличен ефект, фирмата би требало да плати повеќе милиони евра.