Од пролетната реконструкција на охридскиот кеј Македонија остана само најавата

Од пролетната реконструкција на охридскиот кеј Македонија, остана само најавата. На терен нема ништо, освен од неодамна поставената проектна табла на која пишува дека правосилното решение за реконструција на кејот е издадено на 23.01.2019-та. Но, за да не се повтори случајот со сега веќе срушениот ресторан „Парк“ и за да не се надмине рокот за отпочнување на градба, кој согласно член 66 од законот за градење истекува најмногу две години од издавањето на одобрението,по што истото ќе биде неважечко, а идните градежни активности-бесправни, локалната самоуправа на крајот од кејот отстрани околу 5 метри квадратни од бекатон плочките и постави неколку тараби кои на старото дотраено и небезбедно шеталиште стојат веќе неколку месеци.

„Градоначалникот Георгиески и покажа на урбаната мафија доколу имаат проблем со губење на одобрението за градба како да го заобиколат законот,односно да потенцирам дека после добивањето на одобрение на градба за изградба на Кеј Македонија има одреден временски период во кој мора локалната самоуправа да започне со изградба односно реконструција на кејот. Бидејќи не се обезбедени сретствата, Георгиески бара начин како да ги заобиколи законите за да не го изгуби одобрението за градба“, вели Сашо Донев-ВМРО ДПМНЕ.

Од кабинетот на градоначалникот Георгиески велат дека не биле проблем парите,со одлука на Влада и пренамена на сретствата за изградба на карго-аеродромот во Штип, се обезбедиле ама само 616 .000 евра, од потребните милјон и пол евра.

„Поради препораките на УНЕСКО, проектот за реконструкција на кејот мораше да претрпи одредени измени. Изменетиот проект е веќе испратен до надлежните служби на УНЕСКО во Париз. Откако ќе биде одобрен ќе се пристапи кон реализација на градежните активности на терен“, велат од Општина Охрид.

Обемниот извештај, од реактивната мисија на Унеско ги опфаќа и новите проекти на општина Охрид, еден од нив е реконструкција на Кејот Македонија.Мисијата смета дека првичниот проект предвидуваше масивна бетонска конструкција и неоправдано проширување на кејот за околу 1,5 метри, што дополнително ќе го наруши езерото. Поради тоа, Унеско предлага да се поправи кејот без никакво проширување. Овие фотографии од проектот за реконструкција на кејот, веќе ги нема, тргнати се од сајтот на Општина Охрид.

Со проектот се предвивуваше проширување на кејот и навлегување во езерските води. И додека дел од природонаучниците беа против, како што пишуваа ваква тотално непотребна деструкција врз езерото, научните работници од Хидробиолошкиот завод немаа забелешка. Се изјаснаа дека проширувањето на кејот и навлегувањето во водата нема да предизвикало некакви големи еколошки промени врз животинскиот и растителниот свет, на што силно се спотивстави Унеско.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста