Во поплавите во Тексас најмалку четири жртви, спасени 60 луѓе (Видео)

Спасувачи со чамци спасиле околу 60 луѓе од околината на Хјустон кои поради поплавите биле заробени во своите домови после тропската бура која го погоди тој дел на САД.

Најмалку четири лица загинаа во тропската бура Имелда која поплави делови од Тексас и Луизијана.

По повлекувањето на водата властите почнаа да прават проценка колку куќи и автомобили се поплавени.