Од почетокот на мај постепено враќање во нормален тек на животот во Унгарија

Премиерот на Унгарија најави постепено враќање на нормалниот тек на животот на почетокот на мај, истовремено, додава Орбан, се надева дека ќе биде подготвен за да направи сериозен план, истовремено предупредувајќи ги Унгарците, дека работите биле подобри кога економијата цветала а платите растеле. Кризата ја промени ситуацијата, нагласува Орбан.
телоп Виктор Орбан – премиер на Унгарија
„Значи, прашањето е за што треба да се подготви земјата. Се надевам дека ќе ја поминеме сегашната фаза на епидемијата од коронавирусот. Подготвен сум на најлошото сценарио во кое можеби не ќе можеме да го контролираме ширењето на заразата.“

Орбан додава дека ќе има голем број на пациенти кој ќе завршат на интезивна нега и на респиратор или ќе требат да бидат хоспитализирани, но Унгарија ќе биде подготвена на ова сценарио до почетокот на мај, а на располагање ќе има 8000 респиратори.
Досега во Унгарија од Ковид 19 се инфицирани се 298 а починати 213 лица, а тестирани се околу 50 илјади.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести