Од ноќеска на полноќ повторно блокиран патот кон Русино, конечен договор се уште нема

По неколкудневен прекин,гостиварци од ноќеска на полноќ повторно поставија блокади на патот кон депонијата Русино.Незадоволни се што надлежните само кратко реагирале гаснејќи го пожарот,но последниве денови велат, повторно е истата слика-чад и смрдеа. Следните денови нема да ги пропуштаат ниту камионите од гостиварски комуналец.

“Горе не се работи и забележуваме дека повторно тлее чад..така што тоа беше моментот кој не доведе повторно да пријавиме блокада, овој пат вклучувајќи го и Гостивар.” – вели Марија Спасовска-Иницијатива “СТОП РУСИНО”.

Периодов се разговара и бара решение,но проблемот е комплексен,велат од полошкиот плански регион.Процедурите не биле едноставни за да можело  депонијата така одеднаш да престане да функционира.

“Си има протоколи како се одредува една локација да биде депонија, и како истата се затвора, ние според  физибилити студијата имаме рок за траење од 8 години..она што можам да кажам е дека после 8 години сигурно нема да имате депонија горе..” – вели Фатмир Саити –Полошки плански регион.

Гостиварци блокадите ги започнаа на 2 август, откако наидоа на комплетно игнорирање на проблемот од страна на надлежните.Нивното главно барање е депонијата да биде затворена и дислоцирана,но, според последните најави на надлежните, дека ќе треба да се чека дури 8 години, извесно е дека тешко ќе биде постигнат договор.

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста