Од мирни протести до 211 години затвор- како дојде до 27-ми април и што предизвика упад во Собранието?

Ја бранеа државата, завршија како терористи. Двомесечните мирни протести кулминираа на 27 април со влез во Собранието, а потоа и со пресуда за терористичко загрозување на уставниот поредок за 16 луѓе.

Протестите започнаа по објавувањето на Тиранската платформа, која беше услов за Зоран Заев да ја формира Владата.

-Официјална Тирана има подготвено нацрт документ за албанските политички партии во Македонија. Визион плус дознава дека утре премиерот Еди Рама ќе им го пренесе овој документ на лидерите на политичките субјекти. На тој документ се бара унификација на интересите на Албанците, објави пред неколку години албанската Визион плус.

Секојдневните мирни протести добија ново светло во само еден. Прво граѓаните беа испровоцирани кога од собраниската говорница се запеа химна на туѓа држава.

Револтот уште повеќе порасна во моментите кога спротивно на деловниот за собраниски спикер беше избран Талат Џафери.

Ваквото погазување на Уставот ги поттикнаа демонстрантите да влезат во Собранието.

За влезот во Собранието повеќе од 20 луѓе добија кривична пријава за која според многумина немаше никакви елементи – терористичко загрозување на уставниот поредок. Во судница беа задржувани и по цели денови, рочишта кои траеја од рано утро до доцна во ноќта. Кривичен одреди драконски затворски казни 16 од 17-те обвинети на крајот беа осудени на 211 години затвор. Апелација подоцна ја намали вкупната казна на 188.

По слушањето на пресудата дел од обвинетите испратија порака дека еден ден ќе огрее сонцето на слободата

=Не се плашам од затвор. Вие не осудивте, ама историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее и сонцето на слободата“ – ова беше дел од реакцијата на Јане Ченто, откако судот му определи казна од 15 години затвор, порача Јане Ченто.

-Требаше и јас, како и останатите, да добијам 15 години затвор, порача Игор Југ.

Од друга страна, дел од обвинетите беа амнестирани, а меѓу нив и пратениците кои гласаа за промената на уставното име Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста