Од крајот на следната недела граѓаните ќе можат да проверуваат дали ќе добијат ваучер за туризам

Сто евра ваучер за домашните туристички дестинации плус платежна картичка од 50 евра ќе добијат сите вработени кои имаат примања до 15 илјади денари месечно или пак ако вкупните приходи од јануари до април годинава не им надминуваат 60 илјади денари. До крајот на следната недела треба да биде објавена листа на граѓани кои ги исполнуваат условите. Управата за јавни приходи ќе ги контактира луѓето по е-маил. На истиот начин ќе им го прати ваучерот со код и упатство за користење.

За две недели, министерството за економија треба да ја постави платформата www.domasiedoma.gov.mk на која хотелиерите ќе треба да ги постават понудите до крајот на јуни. Ваучерите ќе можат да се искористат и во собите, становите и вилите за сместување. Треба само да бидат категоризирани или да го сторат тоа во надлежните општини до крајот на следниот месец. Нема да биде потребно да купуваат фискални каси.

Предвидено е со 10 милиони евра да им се поделат ваучери на 100 илјади граѓани кои треба да ги посетат домашните туристички локации од 15 јули до 15 декември.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста