Од Кина до САД: Дали вирусот корона е нова глобална закана?

Новиот корона вирус незапирливо се шири – зема 9 животи , заразени се повеќе од 440 луѓе.Заболените пациенти идентификувани се во 13 кинески провинции, информираат здравствените власти. Новиот коронавирус, кој предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек.Има можност за прилагодување и мутирање, што го отежнува одржувањето на епидемијата под контрола, предупредија надлежните.

„ Потврдени се уште 2.197 случаи на близок контакт со пациенти и има докази за „респираторен пренос“ на вирусот. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и дека постои можност за мутација на вирусот“ – изјави заменик-министерот за национална комисија за здравство Ли Бин.

Во меѓувреме, светската здравствена организација денеска одржува состанок за да процени дали епидемијата на коронавирус во Кина треба да се прогласи за вонредна состојба.

Вирусот за првпат беше откриен во кинескиот град Вухан, но се рашири во други кинески градови, но случаите на зараза се идентификувани и надвор од Кина, во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, а вчера беше потврден и првиот случај во САД.
Здравствените власти низ целиот свет почнаа скрининг за болеста на аеродромите, железничките станици и автопатите.Додека пак, Северна Кореја привремено им забрани на странските туристи да влезат во земјата.

Мерките се дел од напорите да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, уште еден короновирус кој започна во Кина и уби речиси 800 луѓе.Научниците предупредуваат дека новиот вирус можеби не е смртоносен како САРС, но за него моментално се знае многу малку – не е познато неговото потекло ниту колку лесно се шири меѓу луѓето.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста