Од естрада до Влада (ВИДЕО)

Oд естрада во Влада. Продолжува трендот комедијанти и естрадни уметници да бидат дел од првата гарнитура во СДСМ и во владината зграда. Јавноста е збунета, дали изборот на нови кадри на Бихаќка блиски на светот на забавата  се должи на недостаток на кадри во СДСМ или обид за  политички маркетинг со кој ќе се купуваат поени во јавноста со помош на нивните естрадни кариери?

На музичката сцена како ехо одекна името на Кирил Колемишевски кој во јавноста е многу познат како член на бендот Нокаут. По професија е адвокат а сега треба да биде заменик министер за економија, на местото на Кире Наумов.

Во некои од песните на Нокаут идниот заменик министер упатува двосмислени пораки кои не се пресуден показател дали тој ќе биде добар менаџер на економонијата но значително го зголемуваат имиџот на владата како шоу бизнис група.

Во владата се и неколку други шоумени, комедијанти и забавувачи. Меѓу нив е добро познатиот водителот на фестивал и текстописец Ѓорѓи Калајџиев, кој од пишување текстови за песни стана  надворешен советник на Зоран Заев.

Дали се сеќавате на популарниот актер и комичарот  Љупчо Бубо Каров, во јавноста добро познат како Цацко од К-15?! Тој се повлече од јавноста како комичар но веќе две години  е присутен како надворешен советник на Министерот за отчетност и транспарентност.  Познатиот  Цацко кој раскажуваше меѓу граѓаните е рсчиси непознат како советник но многумина напамет ја знаат неговата приказна за посетата на тито на кавадарди кога нашиот цацко добил ордени од маршалот.

Меѓу забавувачите на широките народни маси во владата е и Цветанка Ласкова која долги години се пробиваше во македонската и српска естрадата како соло изведувач, но славата ја доживеа со увозот на латиноамериканската серија Касандра.

Малку се зборува за резултатите од нејзиниот ангажман како специјален советник за култура на премиерот Зоран Заев. Многу повеќе се памети по нејзиниот стајлинг како пејачка но и по огромните пари што нејзината снаа ги доби од фондот за иновации на владата во која таа е советник.

Покрај домашните од владини пари живее уште еден странски функционер со искуство од естрадата. Зоран Башановиќ пак, е познат во соседната Србија, каде менаџираше пејачки кариери а српскиот претседател Вучиќ го обвини дека крадел долна облека во Америка.

Тимот на СДСМ се прошири и со Пи ар експертот писател и тренер за самопомош Коста Петров еден од авторите и на годинешната евровизиската песна која ја испеа Тамара.

Тој стана дел од новите потпретседатели на СДСМ, но нема функција во Владата.Коста Петров беше советник за комуникации на екс министерот за здравство Арбен Таравари.

Тогаш јавноста го запозна како исклучив кога се во прашање новинарите со кои се расправаше дали можат да земат изјава на скалите на министерството.

Коста Петров се огласи по повод новата функција во СДСМ, потпретседател на партијата.

-Некои одлуки во животот се носат брзо, за некои пак ни треба долго време да донесеме некаков став. Одлуката да прифатам да бидам дел од СДСМ како нејзин потпретседател ја донесов со намера да помогнам онаму каде мислам дека можам да придонесам со моето знаење и капацитет, напиша Петров на Фејсбук.

И на крајот човекот кој има стотици селфи фотогарафии со сите  највисоки членови на владата и социјалдемократскито сојуз. Премиерот Заев призна дека со Бојан Јовановски алијас Боки 13  разговарал за хуманитарни прашања. На основачкото собрание на неговата ортанизација меѓународен сојуз и на настаните на 1 тв присуствуваа сите најважни фигури во владеачките структури.

Најголема популарност стекна кога стана дел од реалното шоу Големиот Брат.

Боки 13 среќата ја проба како видител, шоумен и пејач, а сега заврши во затвор како првоосомничен во случајот „Рекет.“

Јована Грчева