ОД ДЕНЕСКА ЗАЕДНО Е И МЛАДАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОЈА ИМА МЕЧЕВИ СО КАЗАХСТАН И ИЗРАЕЛ

Од денеска заедно се и селекторот Благоја Милевски и неговите избраници од фудбалската репрезентација до 21 година која во термините 8. и 13. октомври ги има клучните средби од квалификациите за Европското првенство. Помладите црвено жолти брзо по собирањето ќе заминат за Алмати каде в четврток порано не очекува дуел со Казахстан со кој сме на делба на второто место во групата 6 од квалификациите. По него на 13. овој месец дома се среќаваме со уште еден кандидат за истата позиција Израел, па очигледно е дека ова е периодот во кој се решава дали ние можеме на крајот од овој циклус да се најдеме на второто место кое не гарантира учество на континенталниот настан до година, но дава реална шанса.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста