Од денеска подигнување на готови пасоши без гужви и нервози – Ставен крај на хоророт на шалтерите
Oд денеска подигнувањето на пасошите ќе функционира поинаку од досегашниот хаос. Без метеж, без нервоза и без турканици пред пунктовите во Македонската радио телевизија, како што беше случај изминатиот период.
Новиот принцип на работа кој е дел од промените што се случија со стапувањето на должност на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски, предвидува секој граѓанин чија патна исправа е готова, да добие смс известување за закажан термин за да си ја подигне.
- „Во осми месец, имало договор, заклучно со 18.02, во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор, со акт е заменет и притоа, заклучно со 18.02, согласно тој договор, негде од прилика во декември месец, за 22.000 обрасци. Го отворам како прашање во јавноста, зошто е тоа така направено.“ – Обелодени техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој додаде дека во моментов, има пристигнато нови 20.000 обрасци, а дека по целосната реорганизација на дополнителниот пункт во станицата Кисела Вода, сега и таму се работи со полн капацитет.
Граѓаните сега ќе можат на интернет-страницата mvr.gov.mk да проверат дали нивниот пасош е готов. Ова важи за граѓаните кои се фотографирале во објектот на МРТВ или во ПС пролет. За оние кои се фотографирале во другите пунктови во Скопје или во другите градови, остануваат старите начини на подигнување.
Иако секому му е јасно дека хаосот го предизвика раководството на екс-министерот Спасовски, и тој, но и Бојмацалиев – доплонителниот министер од СДСМ – сметаат дека граѓаните се најодговорни за настанатиот хаос. Пак се правдаше пред камерите дека се што направило минатото раководство било како што треба.
- „Во 20021 и 2022, ако имавме барања од 20 до 40 илјади граѓани, декември 2023 и почетокот на јануари имаме над 170.000 граѓани.“ – Истакна дополнителениот заменик министер на МВР, Митко Бојмацалиев.
Инаку, над 600тини илјади граѓани останаа заробени во Македонија, по 12 февруари, откако власта ги прогласи патните исправи на кои пишува “Република Македонија” – за невалидни. По ова Спасовски заработи кривична пријава од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи администрацијата со која раководел, издавале лични документи со лажен рок на важност, доведувајќи ги граѓаните во заблуда.
Никола Цветкоски