Од денеска нов ценовен шок за граѓаните, нема веќе замрзнати цени на храната

Од денеска нов ценовен шок за граѓаните, нема веќе замрзнати цени на храната

Од денеска нов шок за граѓаните. Престанува мерката замрзнати цени, што се однесуваше на дел од основните прехрамбени производи. Нејзино продолжување нема да има, ама надежите се дека проблемот со енормно поскапување, би се решил со, т.н. Законот за нефер трговски практики, кој пак се уште е заглавен во Собрание.

До негово носење, прашање е како од денеска ќе се преживува месецот.

-Со ваквата одлука на владата на СДС и ДУИ директно се удира по џебот на граѓаните. Од денеска цените на прехранбените производи значително ќе се зголемат, а со тоа и инфлацијата, што во моментот е 50 проценти поголема од онаа во еврозоната. Владата на СДС и ДУИ од една страна се фали дека наводно ги зголемуваат платите, а од друга страна, носи непромислени одлуки кои негативно ќе влијаат врз животниот стандард на граѓаните, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наводното зголемување на платите со кои се фали СДС и Димитар Ковачевски е безначајно бидејќи куповната моќ на парите е намалена. Па така за да се наполни една потрошувачка кошничка потребни се околу 1000 евра, или три минимални плати. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај врзуваат месец за месец. Со СДС и ДУИ граѓаните едвај преживуваат. Со овој ценовен шок и зголемување на цените на прехранбените производи, само ќе се зголемува бројот на оние 600.000 сиромашни граѓани кои денот го поминуваат со 150 денари, тврдат од партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста