Од денеска комлетни на подготовките за првите предизвици во Мундијалскиот циклус

Втор ден подготовки за нашата најдобра фудбалска репрезентација, и за разлика од вчера, денеска во комлетен состав ја темпираат формата за воведните три квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство.

„После одличните резултати и пласманот на ЕП, сега сите селекции нѐ гледаат со поинакви очи. Ние покажавме дека може да се надигруваме со секој противник, без оглед на рангот. Имаме добра атмосфера, и мислам дека сме добро подготвени за овие три меча“, вели Влатко Стојановски, играчот на францускиот Шамбли.

„Со самиот пласман на ЕП докажавме дека имаме квалитет. Секако дека мотив повеќе е да се направи нов голем историски успех, а јас сум убеден дека секој ќе даде максимум. Одиме од меч во меч, секој натпревар и бод е важен, како со подобрите, така и со помалку квалитетните селекции“, изјави дебитантот во А-тимот,  голманот на Работнички, Ристе Јанков.

Познато од претходно, Тричковски поради повреда, а Зајков и Костадинов поради Коронавирус отпаднаа од комбинација, Агим Ибраими и Стефан Ашковски се повратници во тимот. Мундијалскиот циклус го отвораме в четврток со гостински меч против Романија, в недела го пречекуваме Лихтенштајн, а следната среда одиме кај Германија, апсолутниот фаворит за челната позиција и директниот пласман на СП во Катар догодина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста