Од денеска гранитите од Битола ќе се носат на Криволак

          Со логистика на АРМ, од денеска над сто тони гранати со калибар од 75 мм заостанати од Првата светска војна, два дена ќе се евакуираат и ќе бидат уништени на полигонот во Криволак. Оваа високоризична акција ја организира Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе ја обезбедува воена полиција.

  • Станува збор за 12. 600 гранати или околу 100 тони. Транспортот  ќе го врши АРМ со полициска воена придружба, а во текот на наредните денови ќе се врши ништење на полигонот Криволак- рече Димче Јошевски, регионален раководител на ДЗС.

Гранатите беа откриени минатиот месец во непосредна близина на градскиот стадион под Тумбе кафе во Битола, а акцијата за нивно отстранување траеше три недели.

  • Три недели се работеше макотрпно и секојдневно по 12 часа работно време. Товарање, истоварање, редење и складирање во магазинот. Безбедно беа отстранети и се надеваме дека безбедно ќе бидат уништени- рече битолскиот пиротехничар Ѓорги Стефанов.

Овој арсенал на неексплодирани убиствени средства е досега најголем на балканските простори, а во близина на Битола, во Првата светска војна била линијата на македонскиот фронт с`е до Солун, со над два милиони војници од завојуваните страни.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста