Од Будимпешта поддршка, од Софија и натаму блокада за преговори на Македонија со ЕУ

Македонија веднаш треба да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Билатералните прашања не треба да го обременуваат овој процес. Официјалната позиција на Унгарија се разликува од онаа на еврокомесарот Вархеји кој пред неколку дена порача дека одвоено од Албанија да се движиме кон Брисел. Шефот на унгарската дипломатија Сијарто по средбата со македонскиот колега Османи рече дека ставовите на Будимпешта не се диктирани од размислувањата на поединци.

“Ставот на унгарската влада е дека со Македонија веднаш најдоцна утре треба да се ззапочнат преговорите. Сите други прашања се второразредни. Сметаме дека ЕУ не може да биде комплетна без земјите од ЗЏападен Балкан. Сметаме и дека интерес на ЕУ е членството исто колку што е ваш интерес’, изјави Сијарто.

Османи пак оптимист дека во пресрет на јунскиот самит е можен прогред. Наспроти сигналите од Софија дека нема да има поместувања за ветото. Министерот најави интензивна дипломатска активност. Идентитетот според Османи не може да биде на преговарачка маса.Решението исталнува тој треба да се бара во Договорот за добрососедство.

“Интерпретацијата на интервенциите на Бугарија кон текстот на преговарачката рамка вклучувајќи ја тука и реченицата аки ќе се преведе и на македонски јазик и повикувањето на Бугарија дека треба да се повикуваме на клаузулата од Договорот 2017, да се интерпретира како идентитетско прашање и тие се позиции кои ие ги претставуваме во Брисел дека треба да се држиме на Договорот за добрососедство”, изјави Османи.

Наспроти изјавите на најголемиот дел претставници на ЕУ, Македонија останува заглавена во чекалницата поради ставовите на Бугарија за идентитетот и јазикот како причина за блокада на преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција Министерот за надворешни работи во техничката влада Светлан Стоев со исти ставови како неговата претходничка Захариева. Оваа влада не можела да ја менува позицијата на Бугарија усвоена од сите политички партии. Ќе вложел напори дијалогот да продолжи, но истакнува дека се е во рацете на властите во Скопје.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста