Од брендирани папучи до крзнени јакни – колку чини запленетата гардероба на Боки 13?

Гучи, Версаче, Диор, Долче и Габана,Луј Витон….Во брендирана гардероба Боки 13ка го собра и полицијата ноќта кога го однесе пред истражен судија, а потоа и во притвор.

Скапата брендирана чанта за која се шпекулираше дека вреди неколку илјади евра тогаш ја носеше полицаецот  кој го придружуваше. Облеката и аксесоарите од омилените марки на Јовановски сега  чува агенцијата за запленет имот , таму ќе останат до правната разрешница на случајот Рекет. Полицијата од неговиот дом кога вршеше претрес заплени 71 вреќа со скапа гардероба и обувки, колку чинат се уште нема информација.

Иако во судот тој тврдеше дека запленетите алиште му биле стари од 2013 година, ако се анализира неговиот Инстаграм профил како познат инфлуенсер може да се утврди дека тој секогаш беше облечен по последен моден тренд.

Дека скапо се облекувал според обвинителството потврди и заплената гардероба која беше најдена во неговиот дом во елитната вила во населбата Орман, кога истражителите по наредба на обвинителката Вилма Русковска запленија 100тина скапи чанти,исто толку маици, чевли,околу 200 пара брендирани очила за сонце, над 80 крзнени капути, јакни,.

Од спортска опрема 50тина пара брендирани патики и околу 70 пара скапи тренерки,,а во вреќите кои сега се во просториите на Агенцијата за одземен имот има и брендирани чизми, шешири, скапи фармерки, одела од познати марки па дури и над 20 пара папучи, но и многу скапи парфеми.

Дека Боки 13 се носел скапо јавноста знаеше од поодамна од објавените информации во март 2018тата кога на царина според тврдењата на некои медиуми биле запленети 19 пара луксузни обувки, ремени и очила за сонце кои Јовановски не ги пријавил на царина и не платил данок за истите.

Остана отворено прашањето дали воопшто плати казна и каде заврши запленетата гардероба на граница.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста