ОД БОЛНИЦАТА КАДЕ ШТО БЕШЕ ОПЕРИРАН ВЕЛАТ ДЕКА СЕМЕЈСТВОТО НА МАРАДОНА БИЛО ПРЕДУПРЕДЕНО ЗА РИЗИКОТ

Диего Марадона и неговото семејство на своја одговорност си заминале од болницата во која легендарниот Аргентинец беше опериран и третиран. Ова го тврдат од клиниката и нудат докази дека пацинтот и неговите роднини биле предупредени дека состојбата на Диего е крајно сериозна и дека тој треба да остане на лекување, но дека тие го прифатиле ризикот и решиле да заминат. Диего Марадона почина во финишот на ноември, а неговото семејство потоа го обвини персоналот на болницата и хирургот Леополд Луке дека направиле пропусти и дека се виновни за смртта, по што и обвинителствот во Буенс Аирес покрена истрага.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста