Од 2.500 заразени пикот се намали на околу 1.700 – си го трасира ли патот власта за брзи избори летово ?

Власта ги намали  прогнозите за пикот на коронавирусот. Ако досега пресметките што ги правеле епидемиолозите Караџовски и Микиќ дека врвот на епидемијата ќе заврши со 2.000 до 2.500 заразени сега, министерот Филипче вели дека според последните анализи бројот на заразени ќе биде околу 1.700.

“Во првиот момент кривата на нови дијагностицирани беше таква што кажуваше дека може да стигнеме до максимална бројка од две до 2,5 илјади заразени со коронавирус. Тогаш таа претпоставка беше направена врз основа на тогашниот број пациенти, а тогаш немавме воведено вакви мерки. Сега може крајната бројка да биде поинаква. Сакаме и очекуваме да имаме помал број, но се подготвуваме како да ќе биде поголем. Последните анализи од пред една недела покажаа дека е можно бројката да биде 1.600 – 1.700 заразени. Но не се опуштаме.“ кажа Венко Филипче, министер за здравство.

Дали во позадина на менување на стратегијата, со која, сега, прво се кажува бројот на оздравени, наспроти заболени и починати, власта си го чисти патот до идејата за брзи предвремени парламентарни избори, во ек на светска панедмија? И сето ова, и покрај предупредувањата од стручната универзитетска фела, дека изборниот процес треба да почне од ново, затоа што треба да се направи ажурирање на избирачкииот процес. Филипче вчера кажа дека засега не се размислувало за избори, но владејачката СДСМ – молчи. Тие чекаат од нивниот коалиционен партнер ДУИ односно го притискаат претседателот на собранието Талат Џафери да свика собраниска седница и веќе распуштениот парламентарен состав да се врати во собраниските клупи – спортивно на уставот.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста