Од 17.000 здравствени работници, вакцинирани се само 5.300

Бројката на вакцинирани здравствени работници сега за сега изнесува околу 5.300. Процесот на вакцинација на здравствени работници оди доста побавно од очекуваното. И додека здравствените лица молат за вакцини за да се заштитат од КОВИД – 19 за да може да лекуваат граѓани, министерот за здравство Венко Филипче по интервјуа се фали дека сите здравствени работници кои се во првата линија со справување со коронавирусот се вакцинирани.

-Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија „Фајзер“ стигнаа 8.000 вакцини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здравствени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од КОВИД- 19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4000 вакцинирани здравствени работници, а од 11 март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината, рече министерот за здравство Венко Филипче во интервју за МРТВ.

Според Фондот, има околу 20.000 вработени здравствени работници од кои околу 2.000 си имаат заминато во странство, а во Македонија има останато околу 17-18.000.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста