Од 10 до 16 часот сообраќајот на регионалниот пат Галичник – Маврово ќе биде во прекин

ЈП Македонија пат подружница Скопје почнувајќи од денеска ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 село Галичник – Маврово.

Од АМСМ информираат дека асфалтирањето ќе се одвива во правец од село Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10.00 – 16.00 часот кога сообраќајот ќе биде во прекин.

На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста