Очекувани проблеми пред изборите: Пет лица приведени поради давање поткуп

Крајот на кампањата ја покажа раната на македонската политичка култура. Предизборниот поткуп е црна дамка, која во државава очигледно не можеме да ја избришеме. Вчера пет лица биле приведени за делење пари за глас. Четири од нив во Драчево и еден во Лозово.

Приведените во скопсо биле забележани како даваат банкноти во замена за гласање за одредена политича партија на претстојните локални избори. 

Кај нив пронајдени се 12.100 денари и 250 евра. Известен е јавен обвинител и по добиени судски наредби извршени се и претреси во домовите на лицата, а тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Во Лозово пак во селото Милино приведен бил 50 годишник, откако претходно биле добиени оперативни сознанија дека давал и нудел пари, а лицата кои ги добивале финансиските средства, потпишувале документ дека примиле пари.

Поради сторените дејствија овие пет лица се товарат дека го прекршиле членот 162 став 1 од Кривичниот законик за кој е предвидена затворска казна.

Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Но, не е само поткупот проблем, осумдневен притвор доби 27 годишник од Прилеп, поради закани упатени преку Фејсбук, кон кандидат за градоначалник на овој град. Тој се товари дека го прекршил членот 144 став 4 од Кривичниот законик.

-Тој што по пат на информатички систем ќе се закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна против некое лице поради неговата припадност кон определена национална, етничка или расна група или верска определба, ќе се казни со казна затвор од една до пет години.

Кривична одговорност предвидена и за евентуално оштетување на фингерпринт апаратите, без разлика дали такво нешто сторил член на изборната комисија или обичен граѓанин.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста