Обвинителството уште прибира докази за случајот „Онкологија, се чекаат и вештачења од странство

Обвинителството уште прибира докази за случајот „Онкологија, се чекаат и вештачења од странство

Обвинителството се уште прибира докази за истрагата против петмина осомничени за случајот на Клиниката за онкологија. Од Обвинителството за Тв Алфа велат дека се чека и вештачењето на дел од медицинските досиеја кое се врши во странство.

Во меѓувреме бројката и проблемите на онколошки пациенти во Македонија расте. Тие сведочат за зголемениот број на новодијагностицирани пациенти и се поголемата гужва на Клиниката.

-Бројот на заболени ќе речев е алармантен, меѓутоа е баснословен. Секојдневно на Клиниката пристапуваат, од онколог по 100 нови прегледи. Значи не зборуваме за оние кои доаѓаат за редовна терапија, месечна, неделна, тримесечна. Зборуваме за нови прегледи, за новодијагостирцирани кои доаѓаат за првичен преглед и за започнување на терапијата, вели Александра Величковска, која е онколошки пациент.

Секоја година во земјава околу 6.000 луѓе во просек се дијагностицираат со рак, а ракот е и втора најчеста болест од која се умира во земјава.

-Јас бев буквално шокирана кога прашав на Торакалана Клиника колку операции се прават месечно. Од 80-120 месечно се операции на жени оперирани од канцер на дојка, на државно нивно. А каде бројката од приватните клиники? Затоа што нема термини, објаснува Наташа Бабулова Ангелеска.

Пациентите во немилост заради игри со тендерите за набавка на лекови, државата го скрати буџетот за рано откривање на некои видови рак. А Македонија е на дното во регионот кога станува збор за превенција од рак а потоа за грижа на онколошките пациенти.

-Кога едно албаснко здружение дојдоа да донираат градници и протези кои што ги користиме ние кои што ни се отстранети ограните. Од нашата држава нас ни следува годишно една дојка и градик за кои што доплаќаме а тие ни дадоа три градника и две вештачки дојки. Се почуствував толку мизерено. Каде живеам и колку тоа за нас никој овде не води грижа, вели Величковска.

Министерот Арбен Таравари најави дека се работи на изнаоѓање среднорочно и долгорочно решение и дека се размислува за уште поголема дигитализација во здравството со цел да се избегнат манипулации со препишувањето лекови и користењето медицински услуги за да не се повторуваат ситуации како со Клиниката за онкологија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста