Обвинителството постапува по случаите за кои Мицкоски алармираше дека кријат епски криминал
Обвинителството постапува по сите поднесени пријави за случаите од епскиот криминал за кој алармираше премиерот Мицкоски. Ова за Алфа го потгврдија од Обвинителството каде веќе се отворени неколку предмети. Станува збор за случаите со Коридорите 8 и 10, Железничката пруга кон Бугарија со излез во тунел, неверојатните милионски тендери во РЕК Битола, финансиската дупка од 8 милиони евра во Национални шуми. За сите овие случаи Обвинителството има отворено пред истраги. Обвинителите веќе одржувале средби со ревизори и постапувале во сите случаи каде има сомневања за злоупотреба на народни пари, велат од Обвинителство.
За коридорите постапува ОЈО ГОКК, а се опфатени и во Извештајот на ДЗР за инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ. Во тој извештај се и Железници. По ревизорскиот извештај постапува ОЈО Скопје и веќе се преземаа дејствија на проверки, се одржуваат состаноци и со ревизорите кои го работеа извештајот за прецизирање на сите аспекти од наодите од ревизијата, велат од обвинителство.
Обвинителите со полна пареа ги чешлаат и јавните набавки од ревизорскиот извештај за работењето на РЕК Битола. Што се случува таму, доволно зборува фактот дека за десет дена, раководството во заминување склучили 50 ина тендери. Мицфкоски веќе предуѕпреди дека во последните три години, од се што се договорало и тендерирало таму тогашниот владејачки двоец ДУИ СДСМ не заработувал до 10 или 20 %, туку двојно, па и тројно. Јавните набавки беа во рацете на ревизорите на проверка, а сега се под лупа на обвинителите.
За процесот на јавни набавки во неколку институции, ДЗР има направено комплексен заеднички извептак. Врз основа на извештајот постапуваат неколку обвинителства согласно надлежностите, велат од Обвинителство
За недомакинското и расипничкото владеење на ДУИ И СДСМ во нивниот мандат, остро обвинува власта анализирајќи го Годишниот извештај на ревизорите. Испумпани пари од ЕУ фондови за капитални проекти кои не се направени, јавни набавки со омилени фирми на тогашната владејачка гарнитура, финансиски дупки како онаа во Национални шуми, долг е списокот за злоупотреби со народни пари за кои обвинува владејачкото раководство. Власта е упорна, обвинителството да си ја заврши работата и ги да ги процесуира злоупотребите.