Обвинителството ќе истражува кој и на каков начин дал дозвола за градба на мини хидроцентрала кај Кочани

Обвинители ќе  ја истражуваат постапката за издавање на дозвола за градба на мини хидроцентрала на Мала река, во близина на браната Градче кај КОчани. Минатиот месец во Основното јавно обвинителство  Кочани е оформен предмет по допрен глас. Издадени се повеќе наредби во насока на прибирање податоци. Бидејќки предметот е во фаза на предистрага  од Обвинителството не соопштуваат други детали. Во меѓувреме кривчна пријава против службено лице вработено во Општина Кочани поднесе и кочанското еколошко здружение Грин орг. Бараат одговорност бидејќи е дадено позитивно решение, без да се организира јавна расправа .

„ Немањето на јавна расправа која е задолжителна по закон . Треба да постои документ, односно извештај, записник и исто така да се обезбедат услови за одржување на една таква јавна расправа  пред давање на позитивно мислење за изградбата на оваа мала хидроцентртала„ – изјави Ана Симонова од еколошкото здружение „Грин орг„ од Кочани

Во моментот  еко активистите ја се разгледува и опцијата граѓаните на референдум да се изјаснат дали се за или против изградба на худроцентрала…

„Нормално ние очекуваме  сите ние сплотено ќе застанеме против изградбата , бидејќки се познати негативните последици врз природата од истата„ – изјави Симонова.

Истиот инвеститор хидроцентрала треба да гради и Шталковичка река во Пробиштип. И таму месното население се крена на нозе. Категорични се дека за изградбата разбрале откако  на терен ја виделе механизацијата. Според  веб страницата на Комисијата за енергетика во државата треба да има 121 хидроцентрала. Еден дел од нив се во заштитни подрачја.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста