Обвинителката Стефанова денеска ќе сведочи за случајот „Рекет“

Обвинителката Лиле Стефанова се очекува денеска да сведочи на судското рочиште во процесот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како и Зоран Милевски Кичеец кој на почетокот на судењето призна вина и доби тригодишна затворска казна.

Стефанова летоска во август, речиси пет часа беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и рече дека кажала се што знаела за поврзаноста на предметот ,,Империја” со ,,Рекет“.

– Свесна сум за огромниот интерес на јавноста и сите допирни точки на случајот „Рекет“ со „Империја“. Сè што ми е познато за случајов, кажав – рече Стефанова по распитот. Таа беше спомната во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во кои Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, како обвинител во „Империја”.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста