Обвинителите не можат да го разрешат, Мемети размислувал да се повлече од функцијата заменик-претседател на Советот

Обвинителите не можат да го разрешат, Мемети размислувал да се повлече од функцијата заменик-претседател на Советот

Сè е оставено на совеста на Иџет Мемети. Советот на јавните обвинители каде е член нема законска можност да го разреши, а не се бара ниту оставка од него. Тој сам треба да одлучи дали ќе учествува во работата и на седниците на Советот, со оглед на фактот дека нема забрана за вршење дејност, и покрај тоа што е второосомничен  во случајот со примање мито од врховен сдуија.

  • „Како членови на Советот, не можеме да побараме да поднесе оставка. Останува моралниот аспект на членот на Советот“, додаде Димитриеска – Претседател на Советот на ЈО.

Отворената кривична постапка од која дел е Мемети, според дел од членовите на највисокото обвинителско тело го доведува во прашање и нивниот  интегритет.

  • „Советот на јавни обвинители, за заштита на кредибилитетот на Советот и ценејќи ја пресумцијата на невиност, ги разгледа сите аспекти за надминување на оваа состојба. Постапка е предвидена за разрешување на член на Советот, но меѓутоа постапката мора да биде со образложено барање, поднесено од 20 јавни обвинители или 1/3 членови од Советот, но треба да е обезбедено со докази“, рече Душица Димитриеска – претседател на Советот на ЈО.

Мемети не присуствуваше на седницата, а колегите му препорачаа да не работи како дел од Советот додека трае постапката против него.  Тој пак ги известил дека размислува да се повлече од функцијата заменик-претседател на Советот.  

Минатата недела, Кривичен му го одзема пасошот на Мемети кој не смее да ја напушта Македонија, а треба и повремено да се јавува во судот. И врховниот судија и членот на Советот на ЈО, се осомничени дека противзаконито влијаеле во претметот за екс градоначалникот Стојчев, а Георгиев беше фатен и со обележани 10 илјади евра во понеделникот по што затврши во Шутка. За време на апсењето Мемети не бил со него, но според истрагата тие комуницирале како да му помогнат на Боро Малборо кој се спогоди со обвинителството за минимална казна од 5 години и три месеци, за шверц на марихуана.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста