Обвиниелството постапува по кривичната пријава од МВР за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

Обвиниелството постапува по кривичната пријава од МВР за поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

Кривичната пријава од МВР за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, за случајот Универзална сала пристигна во обвинителство. Оттаму за АЛФА ја потврдија информацијата, но во моментов не можат да дадат повеќе информации.

„Отворена е постапка против поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска но во интерес на истрагата во моментов не може да дадеме повеќе информации во врска со случајот“ соопштија од ОЈО.

Костадиновска-Стојчевска се товари дека спротивно на законот, продолжила да работи според договор кој претходно бил потпишан помеѓу Град Скопје и фирмата – изведувач, иако тој истекол на 4-ти август минатата година. Наместо да спроведе нов тендер, Стојчевска, врз основа не неважечки договор, исплатила околу 440 илјади евра кон компанијата, со што е сторено кривично дело злоупотреба на службена положба. За екс министерката обвинувањата се тенденциозни и најави дека е подготвена да ја докаже сојата невиност на суд.

„Слободно можат од Обвинителство да ги земат сите документи и се да проверат. Знам дека ова е тенденциозно против мене и немам никаков проблем, ќе се видиме на суд“ истакна Костадиновска-Стојчевска

Инаку, ова не е единствен случај во кој името на поранешната министерка за култура се поврзува со злоупотреба на службена положба и овластување. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвини дека со службена картичка од министерството купувала  скапи авионски карти, гардероба, мечиња, торби, изнајмувала  луксузни апартмани во европски метрополи и се луксузирала на државна сметка.

Костадиновска-Стојчевска на јавноста и стана позната во 2021 година кога, како пратеничка, во екот на корона вирусот и задолжителен карантин за сите граѓани, ртаа, иако беше позитивна на вирусот, се појави во Собранието облечена во скафандер, за да гласа. Една година подоцна беше назначена за министер за култура.

Даниел Ѓорѓевски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста