Обвинетите пратеници за „27 април“ не кажуваат дали се пазареле за да ги ослободат од обвинение

Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов прво и второ обвинетите за крвавиот четврток одбиваат да кажат дали имало пазар за глас „за“ уставните измени,по цена да бидат ослободени од обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок безбедноста.

Мукоски и Арнаудов денеска во судот дојдоа во придружба на полицијата,  не на судската, овој пат алфите им беа бодигарди, не само што им беа придружба до судот туку и во судницата им го чуваа грбот. На денешното рочиште се пуштаа снимките од собраниските камери, како докази на обвинителството. Во преден план на снимката беше Мукоски, но не како ја отвора вратата од собранието, туку како ја пее химната. За собраниските настани им се суди на 33, 31 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок, а 2 за помагање.

Во притвор во истражниот затвор се десетина. Апелација непосредно пред гласањето во Собранието за уставните измени после 7 месеци, од куќен притвор ги пушти пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов кои со имот гарантираа дека ќе се појавуваат на судењата. На Крсто Мукоски притворот му беше прекинат во петокот, а за тоа не му беше потребна никаква материјална гаранција. Судот не одговори што се сменило за после 7 месеци, за првообвинетиот да не се потребни мерки за обезбедување.

Катерина Гетева