Обвинетиот во „Монструм“ Агим Исмаиловиќ избега од судот откако беше побаран притвор за него

Обвинетиот во „Монструм“ Агим Исмаиловиќ избега од судница, откако обивнителката Фатиме Фетаи побара притвор за него. Како што велат за Алфа од судот против него е распишана потерница.

Притвор покрај за Исмаиловиќ побаран е и за Фејзи Азири, бидејќи постапката е при крај. Наместо да бидат задржани, тие си заминале во паузата кога кривичниот совет одлучувал по барањето.

Оттогаш се губи секаква трага на Исмаиловиќ. Мерки за претпазливост беа побарани и за Хаки Азири, кој ќе мора да се пријавува во судот секој ден, а не како претходно два пати неделно.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста