ОБСЕ/ОДИХР: Загрижени сме за точноста на избирачкиот список

Предвремените парламентарни избори во Македонија, одржани вчера, за мисијата а ОБСЕ/ОДИХР, биле добро организирани и спроведени и покрај пандемијата.
Набљудувачите реагираат за измените на изборниот законик еден месец пред избори. Тоа според нив ја нарушило правната стабилност.

  • Законската рамка беше суштински изменета непосредно пред распишувањето на изборите, коешто е спротивно на меѓународните добри практики. Континуираните неконзистентности и двосмислени формулации ја поткопуваат правната сигурност и се уште им е потребна суштинска ревизија – изјави Лаима Андрикиене.

За набљудувачите е дискутабилен избирачкиот список. Изразија загриженост за неговата точност.

  • Сепак овде постојат многу неразјаснети прашања околу Изборниот законик и процеси кои често доведуваат до политички одговори во последен миг. Властите треба да посветат посериозно внимание на овие прашање поврзани со составувањето на избирачкиот список, подолго време пред одржувањето на следните избори- рече Лаима Андрикиене.

За набљудувачите изборната администрација си ја завршила својата работа во рамки на законските рокови и покрај компликациите заради ковид-кризата. Вчерашното гласање поминало мирно и покрај одредени технички предизвици за соопштувањето на резултатите од ДИК.

Можноста за фер натпревар меѓу партиите била обезбедена велат од ОБСЕ/ОДИХР, но за кампањата рекоа дека имала негативна реторика. На медиумското известување според нбљудувачите му недостасувало критичка анализа на партиските платформи. Додека во рекламирањето биле фаворизирани трите најголеми партии, оценија набљудувачите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста