Обраснати и скриени знаци- демне опасност на македонските патишта

Обраснати и затскриени сообраќајни знаци и патокази. Крај македонските патишта вистинска џунгла која го отежнува одвивањето на сообраќајот. Загрижени возачи испратија до Алфа видео материјали во кои се гледа запуштеноста на дел од патните правци. Реагираат дека неискосената трева го зголемува ризикот од несреќи.

Алфа на терен директно ја провери состојбата – почнувајќи од скопската обиколница па се до влезот на Тетово.

Надлежните си ја префрлаат одговорноста. Алфа побара став од Македонија Пат, но оттаму, во кус разговор рекоа дека тие не биле надлежни и не знаеле за што станува збор, па не пренасочија во Македонија Пат, Придружница Скопје. Од таму ни кажаа дека ни тие не биле надлежни. Преку меил испративме и прашања до Јавно претпријатие за државни патишта но до почетокот на вестите не добивме одговор.

Анализите на германската асоцијација за безбедност на сообраќајот ЕЈ ДИ ЕЈ СИ, направена пред повеќе од три години, покажува дека  неискосените површини со трева или џбунови повисоки од 40 см, ја золемуваат веројатноста за сообраќајни несреќи на двонасочните патишта со 2 или 3 ленти за дури 30 до 40 отсто.

Јована Грчева