Обложувалница и Казино, први „соседи“ на неготинскиот Основен суд ?!

   Една обложувалница, едно Казино во подготовка и една адвокатска канцеларија, се првите „соседи“ на Основниот суд во Неготино, лоцирани во центарот на градот. Иако, нивната локација, според актуелниот Закон за игри на среќа, не е спорна, сепак, во најмала рака е контрадикторна. Каде е тука етичноста и општествената одговорност на институциите, но и како на оваа гледаат неготинчани.

                                              

   Мислење и став, побаравме и од претседателката на Основниот суд, од каде, од ПР-службата добивме писмено известување дека станувало збор за деловен простор кој бил дел од станбено-деловна зграда, а кој бил во приватна сопственост на физички и правни лица и дека ОС немал законски овластувања за ограничување на правото на располагање на нечиј приватен недвижен имот.

                                            

  Зошто се дозволило на оваа локација, која порано била трговски дисконт, сега да никне Казино, одговор побаравме и од локалните власти, но не ни беше одговорено.

Инаку, минатата година, се бараше измена на Законот за игри на среќа, за коцкарниците да бидат дислоцирани од населените места. Но, тогашниот министер за финасии, Драган Тевдовски, тоа барање го оцени како многу радикално, па сега коцкарници и обложувалници можат да се видат и во непосредна близина на училишта и градинки.

Каролина Дурло        

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста