Објавени фирмите кои земале државна помош, и парите наместо кај вработените – си ги ставиле в џеб, синдикатите со осуда

Објавени имињата 245-те фирми кои земале пари од државата за испла на плати, но парите си ги ставиле в џеб. Станува збор мали компании од еден до пет вработени, пред се фамилијарни бизниси. За нив генералниот секретаријат ќе бара кривична одговорност. Газдите кои си поиграа со „лебот“ на своите вработени, без денар оставија близу 800 луѓе за новогодишните празници. За ваквата злоупотреба реагираа и синдикалците зашто работниците останаа без ветените плати.

  • Ова е недопусливо, во никој случај не може ваков однос од страна на газдите, затоа предлагаме следен пат кога ќе се дели државна помош, парите директно да одат на сметките на работниците, кои едвај преживуваат, рече за Алфа синдикалецот Марјан Ристевски.

Синдикалците бараат кривична одговорност, но и конечно субвенциите за плати да одат директно на сметките на работниците, за да не можат газдите да прават злоупотреби.

Првичната бројка била 596 сопственици кои земале помош, но со пресекот на последниот ден од годината бројката на газди злоупотребувачи се преполовила. Од УЈП велат дека овие фирми биле опоменати, и до крајот на неделава треба да ги исплатат платите, по што следува присилна наплата.

Кривично ќе одговараат 125 компании кои од март до декември ги злоупотребите добиените пари од државата.

  • Вкупно 13.200 газди добиле државна помош од речиси 20 милиони евра за исплата на ноемвриската плата. Оваа мерка ќе трае уште за декемвриските плати, за компании кои имаат намалени приходи.

Половина од фирмите кои користеле држава помош за исплата на плати на вработените се од текстилната индустрија. Токму во овој сектор, газдите правеле бројни манипулации, и наместо кај работниците, парите си ги ставале в џеб. Некои им дале половина од платата, а некои само само 2 денари. Инаку, висината на помошта се движи од 14.500 до 21.700 во зависност од падот на приходот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста