Објавен протоколот за кошаркарите во време на пандемија

МКФ денеска го објави протоколот за тренинзи и натпревари во време на пандемијата на коронавирусот.

Со оглед дека станува збор за спорт кој се одвива во сала, мерките за превенција и заштита од Ковид-19 се речиси идентични како и кај ракометарите.

Се додека трае пандемијата сите активности ќе се одвиваат без прусуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на кошаркарите на терен, ќе мора да носат маски. Задолжително тестирање ќе има најдоцна 72 часа пред почетокот на сезоната, а по потреба и дополнително. Секој од кошаркарите ќе мора да доаѓа сам на тренинг, а при влегување во сала редовно ќе им биде мерена температура. Просториите во салата се сведени на минимално користење, а тоа значи избегнување на туширање и дружење по тренинзите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста