Објавен конкурс за директори во училишта во Чаир, откако Алфа објави за проблемот

Откако Алфа го вклучи алармот и отиде во улилиштата во Чаир „Хасан Приштина“ и „Конгреси манастирит“ кои со години имаат незаконски директори, денеска од општината објавија конкурс. Вчера АЛФА беше во двете училишта и побара одговор од општината Чаир зошто директорите мандатаруваат незаконски, но не добивме конкретен одговор.

Општината ќе треба да објасни и дали распишаните конкурси се за истите директори или ќе примаат нови како што налага законот.