Oбилните врнежи од дожд ja прекинаa акцијата за гасење на градската депонија во Кочани – пожарот не може да се изгасне со вода

Oбилните врнежи од дожд ja прекинаa акцијата за гасење на градската депонија во Кочани. Аплицирањето на морски алги на вакви временски услови нема да го дадат посакуваниот резултат. Запалениот метан што се создава при распаѓање на органските материи, врз него не дествува вода, а ако се покрие со земја продолжува да тлее во внатрешноста. Ангажирана е фирма специјализирана за ваков тип на пожари.  

   „Во наредните неколку денови се до стабилизација на времето нема да се работи на депонијата . Од дождот сепак малку се расчистува воздухот, меѓутоа само со вода депонијата не може да бие изгасена„-изјави Иван Иванов, дир.на КЈП„Водовод„од Кочани.

Државниот инспектор за животна средина минатата недела на надлежните им даде рок, најдоцна за седум дена да го санираат проблемот. Контролен инспекциски надзор за да се утврди состојбата се очекува во четврток.   Последните неколку денови е намалено чадењето но и понатаму помали облаци чад се издигнуваат над селото Бели, а од таму и над градот Кочани.

„Инаку е санирана состојбата на депонијата. Нема можност од ширење на пожароти во многу голем дел пожарот и чадењето е намалено, но за жал се уште го има„-изјави Иванов, директор на комуналното претпријатие во Кочани.

Кочанската депонија почна да гори  пред новогодишните празници. Комуналното претпријатие поднесе пријава до МВР бидејќи имат сомненија дека се работи за подметнување на пожарот на повеќе места. Полицијата се уште го истражува случајот. Според еко активистите пожарот на градската депонија сериозно влијае на аерозагадувањето во градот, но за да се докаже степенот на загаденост потребни се анализи како и поставување на мерни станици. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста