Обилни снежни врнежи во БиХ

Интензивни снежни врнежи и ветрови синоќа предизвикаа големи проблеми во Босна и Херцеговина, но ситуацијата од утрово постепено се нормализира и сите сообраќајни правци повторно се проодни, изјавија официјални лица од Авто мото Сојузот на БиХ.

Патниот правец Купрес – Шуица – Ливно е отворен само за патнички возила, а од утрово е отворен магистралниот пат Гламоч – Млиниште за сите возила. За тешки товарни возила задолжително е да користат зимска опрема во сите планинските предели и поширокото подрачје на планината Романија како и во централниот дел на земјата.

Мостар и  малиот град Соколац  во текот на ноќта беа погодени од силни ветрови кои предизвикаа штета на деловните и станбените згради и возилата, па имало и прекин на електрична енергија и вода.

Утрово се расчистени сите нереди и пристапот до градот. Градоначалникот Милован Бјелица изјави дека е потребно време за нормализирање на состојбата.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста