Обдукција има, пишана трага и документи нема – Од што починала 60 годишната жена на Торакална?

Обдукција има, пишана трага и документи нема – Од што починала 60 годишната жена на Торакална?

Обдукција има, ама пишана трага и документи нема. Директорот на клиниката Неџат Јакупи и директорот на Судска медицина Александар Станов за Алфа потврдија дека обукцијата за 60 годишната жена за која вчера Алфа објави,  е направена, но за жал семејството се уште нема никаков документ на кој стои од кои причини пациентката починала. Повеќе од два месеци, Торакална клиника не доставила одговор на семејството од што починала пациентката.

Од судска медицина за Алфа потврдија дека наодот е готов. Директорот Александар Станов појасни дека се сеќава на семејството и дека им било кажано дека пациентката починала од излив. Според протоколот, резултатите од наодот одат кај барателот, во случајов Торакална, па Станов упати одговорите на писмено да ги бараат таму и да поднесат кривична доколку имаат индиции за лекарска грешка.

Директорот на Торакална Неџат Јакупи во телефонски одговор за Алфа вели дека доколку семејството се обрати ќе им биде доставена обдукцијата. За жал, семејството на писмено се обратило уште на 20 октомври, но одговор се уште нема.

Од 4 септември денот кога починала сестра и до денеска, Наташа Ценова очајно бара одговори. Таа се уште не може да се соземе од односот на медицинскиот персонал на Торакална и од сликата што ја затекнала при посетата на сестра си.

Дојдовме до контакт со докторот односно директорот на Клиниката за торакална хирургија, и во петокот на 1 септември на дрзок начин му се обратил на мојот зет дека ни правел услуга, ви се молам како тоа ни правел услуга, пациентката не била за таму, било за гастро, па него тоа муе работа, кој му барал услуга?. Му соопштил во понеделник ќе ја префрлам на Гастро и вака му направил со раката, тргнете се имам работа, ќе напишам налог да ја посетувате овие три дена.

Семејството Ценови од Скопје е во агонија повеќе од два месеци лутајќи по одговорите, како од скршеница на рака, пациентката завршила на Торакална каде што само по две недели починала. Пред да почине, семејството било информирано дека треба да биде преместена на Гастро, а од што ја лекувале и од што допрва требало да се лекува никој, ништо не им одговорил.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста