„Oчи ќе си извадиме“ – партиски функционери сведочат дека има војна во СДСМ

Очи ќе си извадиме, ова се зборовите со кои висок партиски функционер ја опиша атмосферата во владејачката партија. Извори блиски до СДСМ за Алфа велат дека медениот месец на Ковачевски привршува и дека лидерот на социјал-демократите се соочува со внатрепартиско незадоволство околу начините на владеење на Ковачевски во владата, партијата како и коалицискиот блок.

Според неофицијални информации масло на огнот додала и инфомацијата на посетата на преимиер на Америка заедно со неговото семејство, на што реагирале и дел од паритските членови, кои рекле дека такво нешто не направил никој претходно.

Дека на Бихаќка работите не одат глатко, е и информацијата која излезе во медиумите дека Ковачевски по кавга со своите пратеници поднел оставка, оти како што пишуваат медиумите, имале недоразбирање околу коридорите и уставните измени, наводно дел од пратениците му рекле дека не може да гласаат како што тој ќе им нареди. Ковачевски ги демантираше овие инфомации, но сепак од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат да објасни како Џафери му ја искинал оставката која тој, како што се шпекулира ја поднел.

Точно е дека Ковачевски поднел оставка, а Талат Џафери му ја искинал. Нека не ја замајуваат јавноста, нека каже Ковачевски како му е скината оставката и како отишол во САД и на крај нека каже пред јавноста кои се пратениците од СДС од ИЕ1 и 2, и некои од ИЕ4 кои кажале дека нема да гласаат за промена на Уставот“, нагласи Стоилковски.

По повод наводната оставка се вчера се огласи и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој рече ниту една оставка немала да биде бегство од одговорност.

Не мачете се и престанете да ја тонете Mакедонија, дајте си оставка. Оставка на цела влада. Прифативте улога со која не можете да се носите, рече Mицкоски за Kовачевски и додаде дека владата ја води ДУИ, а СДСМ е само подизведувач, дека од секој државен тендер гледаат личен профит. Порача дека одговорност за сите криминали, ќе има.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста