Oхридскиот бербер Неат Алим и неговиот син бесплатно ги потстрижуваат оние кои не можат да си платат

Раката што дава не се суши – вели охриѓанецот Неат Алим кој 25 години работи како бербер. Во ова тешко време, кога луѓето немаат нити за леб, Неат и неговиот 17 годишен син одлучиле без пари да ги потстрижуваат сите оние кои не се во можност да ја платат услугата, а сакаат и покрај немаштијата, да излегаат убаво и уредно.

-Израснав во едно многу скромно семејство и уште како младо момче, кога ќе ми дојдеше редот за потстрижување, моите родители понекогаш немаа пари да ми дадат и често пати татко ми, ми ја средуваше косата само да заштедиме некој денар, се присетува Неат. Знам вели како е да се живее и со помалку пари и без пари,затоа со синот се одлучивме да помогнеме на овој начин. Можеби за некого тоа не е ништо, но на луѓето верувајте многу им значи.

Кога ќе дојдат овде да се шишаат има и луѓе кои сакаат да не гушнат,чувствуваме дека се презадоволни затоа што тие на некој начин заштедија 200 или 250 денари и со тие пари ќе си купат нешто друго.Луѓето кажуваат, останав без работа немам примања од никаде, имам големи трошоци за лекови и не сум во можност да платам за шишање и ова ми е добредојдено, за да можам тие пари да ги пренаменам за друго нешто.Конкретно беше случај со еден човек кој остана без работа 60-тина години имаше, немаше доволно средства да ги купи потребните лекови, вели Неат Алим.

Извор на тага и радост е сопствената душа. Алим Алимоски е еден од стотиците охриѓани кој редовно, на секои две недели доаѓа во берберницата да се среди, да си поприкаже, да си ја олесни душата. Само тој што нема, може да сфати колку е голема маката на сиромавиот, вели со тивок глас Алим чие достоинство одамна го згазиле.

Со колку пари го поминувате месецот ? Со 5.000 ден. За што Ви стигнуваат тие пари? Почесто само за јадење, ни за јадење баш не ,не.Многу сиромаштија е, навистина се нема од каде, додава Алимоски.

Со белешка која ја подигаат од Црвениот крст сите оние кои не се во можност да се потстрижуваат секоја сабота, цел ден берберницата на Неат е отворена за нив.

Ако човек нема доблест, потеклото ништо не му вреди. Не е важно кој си во очите на другите, важно е кои сте во своите очи.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста